Дизелот и Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на Еуросупер БС-98 се намалува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 отсто во споредба со претходната пресметка.
Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 е 74 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 76, дизелот за 66,5 денари, а Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) за 66,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,041 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазут М-1 НС и ќе се продава за 38,965 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,268 отсто, кај дизелот за 4,58, кај екстра лесното масло за 4,57 и кај мазутот за 3,281 отсто.