Вести Македонија Најважни

Тетовскиот суд пресуди – две години затвор за Пајазити кој ја прегази Теодора на пешачки

Двегодишна казна за Менсур Пајазити, кој во септември во 2022 година, ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска. Ова е одлуката на судот во Тетово по денешното рочиште на кое се појави и Пајазити, а откако му беше прочитано обвинението, ја призна вината. Претходното рочиште, пред две недели, беше одложено, бидејќи, како што тогаш информираше судијата, обвинетиот бил на лекување и не може да присуствува.

Во септември во 2022 година, 22-годишната Теодора беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал 44-годишниот Пајазити. Тетовскиот суд во ноември во 2023 година, пресуди три и пол години затвор за возачот. Тој ја обжали казната, Вишото јавно обвинителство во Гостивар ја прифати жалбата, а Апелациониот суд во Гостивар ја намали казната на Пајазити на две години затвор.

Но, тој не заврши во затвор, туку Врховниот суд го уважи неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата и ги укинува двете пресуди на пониските судови и го врати предметот на повторно судење во основниот суд.

Пајазити е обвинет за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години.

Обвинетиот Менсур Пајазити, кој ја прегази Теодора Ристовска, призна вина

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе