Почина Александар Глигоровски од Пробиштип, кој по пожарот во Кочани, се лекуваше во Литванија. Тој е 61-та жртва од трагедијата во „Пулс“.
Од 4 април му се влошила здравствената состојба, а неговата дијагноза беше 35 проценти изгореници од трет степен. Глигоровски имаше само 29 години, кога тргнал на концерт на ДНК во дискотеката „Пулс“.
Трагичната вест стаса пред повеќе од еден час, а првичните информации пред малку ги соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари.
Таму е колешката Тамара Марковска…