Утрото ведро и студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до мерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 0°C, а максимумот од 5 до 13°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-12 Попова Шапка, -7 Маврови Анови, Крушево, -6 Охрид, -5 Тетово, Претор, -4 Битола, Берово, -3 Крива Паланка, -2 Прилеп, Виница, -1 Куманово, Штип, 0 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица, 1 Велес, Демир Капија, 2 Кавадарци, 4 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
22 Пожаране, 21 Крушево, 19 Охрид, Маврови Анови, 15 Тетово, 14 Битола, 13 Претор, 10 Попова Шапка, 6 Виница, 5 Прилеп, 4 Берово, 3 Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 1 Штип, Демир Капија, Струмица.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
24 Крушево, 22 Битола, 18 Охрид, 14 Маврови Анови, 12 Попова Шапка, 7 Претор, 5 Тетово, 4 Берово, 1 Прилеп.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 8.0, Преспанско Езеро 5.5, Дојранско Езеро 14.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/