Повисоки плати и минималец или штрајк и протести. ССМ ги повтори и ги испорача барањата и условите на денешниот протест или како што најавија јавна седница на раководството на Синдикатот која се одржа пред Собранието, Стопанската комора и Владата.
Минимална плата од 500 евра и сите избрани функционери, над 1.000 на број заедно со раководството на ССМ на минималец во наредните 12 месеци и зголемување на платата на сите вработени во Македонија за 100 евра. Ова едногласно беше изгласано од ССМ, а потоа и побарано да го изгласаат пратениците во собранието.
Зголемување на платите на сите работници во приватниот сектор за да се спречи нивниот егзодус е едно од барањата кои беа испорачани пред Стопанската Комора. Стандардот на граѓаните и работниците мора да биде подобар, порачаа синдикалците.
Владата не смее да одлучува за работниците без да ги вклучи во процесот и доколку тоа не се смени, ССМ најави генерален штрајк и протест.
Министерот за економија и труд, пак, вели дека секој има прво да излезе на улица, но Синдикатот може да поставува барања само на седниците на Економско-социјалниот совет чија работа во моментов е во прекин, бидејќи трае процесот на утврдување на репрезентативноста на ССМ, односно дали има 10 проценти активни членови од вкупниот број на работници во државата.
На денешниот протест од ССМ побараа владеачката ВМРО-ДПМНЕ да запре со притисоците врз членството и раководството.
Огнен Чанчаревиќ