Вести Најважни Свет

Фон дер Лајен: Имаме многу адути во раце за одговор на царините од САД

Европа се мобилизира. На буџетските трошоци и планови за вооружување и одбрана, Брисел е пред политички и, пред сè, економски предизвик – како да одговори на царините од САД што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп. Високи функционери на Европската Унија порачуваат дека преферираат разговори и преговори, дека сите инструменти се на маса, но и дека имаат многу адути во раце, како и добра стратегија да возвратат, доколку бидат принудени.

Европската комисија претходно најави намера да воведе давачки за американски стоки во вредност од 28 милијарди долари. Таквата мерка би стапила на сила во средината на април, како одговор на царините на Трамп за алиминиум и челик Но, таргетот на Европската Унија ќе биде и текстил, земјоделски производи, апарати за домаќинство. Тоа, како што истакна Фон дер Лајен, ќе падне на товар на народот.

Американскиот претседател Доналд Трамп утре се очекува да го објави наголемо најавуваниот план за воведување на царини кој го нарече „Ден на ослободување“. Според најавите, мерката на Вашингтон нема да се однесува на десетина земји, вклучувајќи ја и Европската Унија, туку ќе биде врз база на реципроциет за сите држави. Соединетите Американски Држави веќе воведоа цариниза увоз на алуминиум, челик и автомобили и ги зголемија царинските стапки за 10 отсто при увоз на производи од Кина. Проценките се дека таквиот облик на заштита на САД од глобалната конкуренција, може да предизвика силна ескалација на трговска војна со светот за што цехот, во секој случај, ќе го платат граѓаните.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата ќе купи 120 автобиси за јавниот превоз во Скопје и другите градови

Дејан Дејан

Притворениот обезбедувач на Мицкоски имал две дисциплински во МВР- додека го штител премиерот, како синдикалец се среќавал со пратеници на власта

Дејан Дејан

Препукувања меѓу пратеникот Милошоски и министерот Филков – премиерот Мицкоски ги правда дека имале лош ден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе