Вести Македонија Најважни

Триесет дена притвор за член на обезбедувањето на Мицкоски

Скопскиот кривичен суд му определи 30-дневен притвор на Ангел Сарамаков, полицаец од 6-тата Управа на МВР кој до вчера беше дел од обезбедувањето на премиерот Хрситијан Мицкоски.

Сарамаков е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“ од користољубие или заради користење на податоците во странство за што минимална затворска казна е една година, а нема предвиден максимум и може да се движи до 20 години затвор. Сарамаков беше уапсен во Велес заедно со уште едно лице и со ранец полн со полициски службени информации.

Тој беше дел од обезбедувањето на Мицкоски по промената на власта. Првичните шпекулации се дека тајните полициски информации се продавани на припадници на криминалниот клан Грчец,но од МВР не споделија детали. По апсењето, од владата посочија дека истрагата треба да утврди што се случило и дека безбедноста на премиерот не е загрозена.

Од СДСМ обвинија дека обезбедувањето на премиерот Мицкоски е полно со криминалци, а од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека бодигардите на функционерите сега се апсат за кривични дела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Четири македонски банки се впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања

Дејан Дејан

Зеленски пристигна во Холандија пред самитот на НАТО

Дејан Дејан

СДСМ: Историски дипломатски шамар од европските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе