Вести Македонија

Тошковски: Резервоарот за нафта бил празен и не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека во близина на дискотеката во Кочани имало резервоар за нафта, но дека тој бил празен и дека според првичните информации не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката.

„Според информациите што ги добив точно е дека постоела бензинска пумпа и одреден резервоар во земја којшто по првичните информации бил празен и не бил во допир со настанатиот пожар. Сопственичката структура не е поврзана меѓу себе, ниту пак е поврзан сопственикот на бензинската пумпа со менаџерската структура која се појавува како организатор во дискотеката“, изјави Тошковски попладнево на прес-конференција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе