Балкан Вести Свет

“Звучен топ” бил употребен во Србија на протестите за време на 15-минутниот молк и предизвика паника. Српскиот безбедносен систем има такво оружје, тврди аналитичар

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како морничав и заглушувачки звук се шири ноз демострантските редови за време на протестите во Белград додека трае 15-минутниот молк за 15-те жртви од ноемвриската трагедија во Нови Сад.

Луѓето ги фаќа паника, а заглушувачкиот звук се шири низ улиците на Белград, а на снимката се гледа и како младо дрво се ниша. Редовите на демонстрантите се разделуваат и се создава празен простор на улиците.

Воениот експерт Александар Радиќ за Н1 тврди дека станува збор за сонично оружје од американско производство кое го имаат единици во српскиот безбедносен систем.

Таканаречениот звучен топ е опрема која во повеќе држави се користи за контролирање на поголеми групи луѓе и при насилни улични демонстрации. Се користи од повеќе полиции во САД, но и држави во Азија и Африка.

Многу воени морнарици во светот го користат за одбивање на пристап и предупредување на неидентификувани пловила и пиратски бродови. Се користат на нафтни платформи за иста цел.

Станува збор за агресивно, несмртоносно оружје или воена опрема позната под кратенката LRAD што е англиска кратенка за Акустична направа од долг дострел.

Аналитичарот Радиќ изјави дека не е јасно зошто безбедносни сили користеле таква направа во градска средина на мирни протести.

-Единствената цел на овој чин е брутално прикажување на сила, доказ за ароганција, а мотивот е омраза кон сопствениот народ, изјави Радиќ за Н1.

Покрај ширењето на паника меѓу луѓето при употреба на посилни “дози” на ова сонично оружје можно е да дојде до дезориентација (губење во просторот) но и до тешки последици врз слухот, па и целосно губење на слухот.

Во Србија, морничавиот звук на, како што тврди експертот Радиќ, военото сонично (звучно) оружје покрај тоа што предизвика паника и страв, доведе до неколку инциденти и напади врз студентите, по што студентските протести беа прекинати.

МВР на Србија негираше дека користеле звучен топ бидејќи станува збор за опрема чие користење од страна на полицијата не е законски дозволено и регулирано.

Студентите ги прекинаа протестите во Белград, по инцидентот кај српскиот Парламент- полицајци се поздравуваа со демонстрантите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе