Балкан Вести Свет

(Во живо од Белград): Протестите во полн ек, студентите повикуваат на мирни протести – екипата на Телма ги следи случувањата

Во Белград студентите во блокада почнаа да се собираат на неколку места во градот пред протестот закажан за денеска во 16 часот. Првично беше закажан голем протест – 15 – за – 15 –  пред Народното собрание во Белград но, студентите на ЕТФ најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија.

Во меѓувреме пристигна одлучиле –  протестот сепак ќе биде пред Собранието, но дека бина ќе биде поставена и кај Славија. Студентите во блокада се собираат на четири локации – Плоштадот на Републиката, Автокоманда, булеварот Крал Александар и кај кружниот тек кај општина Нов Белград, каде има и група земјоделци со трактори.

Демонстрантите најавија дека оттаму во колони ќе се упатат кон центарот на градот и додека траеја собирањата и подготовките – прават голема врева, скандираат „Пумпај“, свират и вувузели, носат српски знамиња и бројни транспаренти – „Барањата не се исполнети“, „Нашето лице е чисто, а вашето“.Студентите кои од синоќа од разни правци пристигнаа во Белград со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани. Зградите на српскиот Парламент и на белградското Собрание се опколени со метална ограда, околу нив има распоредено силни полициски сили во опрема за разбивање демонстрации, јави МИА од Белград.

Редарите на студентите во блокада не дозволуваат пристап до Пионирски парк каде се сместени студенти кои сакаат да ја следат наставата. Паркот е опкружен од трактори поставени од вчера. Јавниот превоз во Белград е во прекин од утринава и нема да сообраќа до крајот на денот. На повеќе места во центарот на градот се поставени резервоари за вода за пиење.

Студентски групи ги блокираа факултетите во Србија од крајот на ноември, барајќи исполнување на четири барања – објавување на целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад каде во ноември откако се урна настрешница загинаа 15 луѓе, отфрлање на обвиненијата против студентите и граѓаните приведени за време на протестите, поднесување кривични пријави против сите напаѓачи на студенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе