Вести Свет

Студентите ги прекинаа протестите во Белград, по инцидентот кај српскиот Парламент- полицајци се поздравуваа со демонстрантите

Крај на протестот објавија од Факултетот за драмски уметности во Белград  откако вечерва од правец на Пионерски парк кон студентите кои протестираат било фрлано со шишиња и камења, а се слушнаа и експлозии на пиротехнички средства. Во паркот се собрани подржувачите на Вучиќ кои организираа контра протести.

„Од правец на Паркот на пионери се фрлаат шишиња и камења. Овој протест повеќе не е студентски протест. Стражарите ги симнаа маркерите. Ги замолуваме сите да го напуштат просторот околу Собранието“, се вели во соопштението на Факултетот за драмски уметности во блокада.

Луѓе се уште има на протестот во тој дел на Белград. Н1 за време на јавување во живо емитуваше невообичаена слика кога припадниците на српската жандармерија ја напуштаа парламентарната зграда за смена, се поздравуваа со демонстрантите кои извикуваа пароли против Вучиќ.

Засега не е јасно кој го предизвика инцидентот на мирните протести кои собраа над 100 илјади луѓе во центарот на Белград.

Српските медиуми објавија дека вечерва во 22 часот обраќање до нацијата ќе има претседателот на државата, Александар Вучиќ.

Денешниот протест на студентите “На 15-ти за 15-те” е кулминација на 4-месечните антикорупциски протести во Србија кои почнаа по трагедијата во Нови Сад кога во пад на натстрешница на Железничката станица загинаа 15 луѓе (меѓу нив и еден македонски државјанин). Оттогаш трае студентската борба за транспарентност и одговорност на општествениот систем во Србија воспоставен за 13-годишното владеење на партијата на Вучиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе