Вести Македонија Најважни

Партиски измеќар, а на слики му седат на ушка – Мицкоски со профил на обвинителот кој го обвинува, обвинителство со жалба за куќниот притвор на Јахоски

Обвинителството соопшти дека пред Кривичниот суд во скопскиот кривичен суд поднело жалба за куќниот притвор кој му е определен на Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски.

Јахоски беше приведен во акцијата за злоупотребите со милионските набавки на мазут за ТЕЦ Неготино,но судот наместо затворски му определи куќен притвор, a oбвинителството е децидно дека нивните аргументи за затворсkи притвор треба да се прифатат.

Незадоволно од ваквата одлука Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение, се вели во соопштението на ојо гокк.

Премиерот Христијан Мицкоски и натаму обвинува обвинител за шокантно однесување при истрагата за злоупотреби со набавките вредни над 160 милиони евра. Вели дека тој обвинител е партиски измеќар, но не го именува.

Од обвинителството нема официјален одговор на коментарите на премиерот. Во тек се се уште истражни дејствија, а обвинителството утврдува и имот на осомничените и нивните фирми за да побара и мерка за замрзнување на имотот во случај на конфискација.

Со истрагата се опфатени Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственици на РКМ, Јахоски, екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, поранешениот секторски директор во ЕСМ Ардиан Муча, како и уште 8 други лица кои учествувале во спроведувањето на набавките.

ЕСМ во периодот меѓу 2021-ва и 2023-та за ТЕЦ Неготино купи над 160 милиони евра мазут. Со истрагата е оспорен начинот на распишување на јавните набавки и има сомнежи за перење пари добиени преку мазутот.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе