15.03.2025 04:17
Вести Најважни Свет

Никогаш нема да ги признаеме окупираните територии како руски – Зеленски за украинските црвени линии

Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Нема да признаеме ниту една од териториите окупирани од Русија. Тоа е факт. Нашиот народ се бореше за ова, нашите херои ги дадоа своите животи. Толку луѓе беа повредени, толку многу страдања издржавме. Затоа никој нема да заборави. Кога велам дека никој нема да заборави, тоа се нашите основни црвени линии“, посочи Зеленски.

Според онлајн мапа на бојното поле во Украина на украинската организација „Дип стејт“ украинските сили го напуштиле градот Суџа во областа Курск, каде Москва изминатите денови почна офанзива. Зеленски потенцира дека Украина покажала подготвеност за примирје и оти сега се очекува одговор од Русија.

На разговорите помеѓу американската и украинската делегација во Саудиска Арабија, Киев изразил подготвеност да го прифати предлогот на САД за итно спроведување на 30-дневен прекин на огнот. Примирјето би можело да биде продолжено, доколку Русија го прифати и во исто време се придржува до условите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со пасат се судрил со полициски голф, повредени 4-ца полицајци

Дејан Дејан

Македонската публика имаше можност да ужива во концертот на легендарниот Пласидо Доминго

Дејан Дејан

Обвинителството жалејќи се доби пртивор за Јахоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе