Вести Македонија

Поминаа петте интерпелации за членовите на Судски совет во Собранието

Со мнозинство гласови во Собранието Власта им изгласа недоверба на членовите на Судски совет. Без присуство на останатите партиите по неколкучасовната дебата поминаа петте интерпелации за Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Тања Чачарова-Илиевска, Миљазим Мустафа кои претходно беа избрани од Парламентот.

Констатирано е дека членовите на Судски совет го нарушиле угледот на судиите, ја занемарувале својата функција и затоа допринело до пад на довербата во судството со тоа тие понатаму го губат легитимитетот да учествуваат и одлучуваат во работењето на Советот.

Дамева денес излезе на говорницата во Собранието и образложи дека се води политичка хајка против неа, како и навреди, омаловажувања од власта врз работата на судството. Таа потенцираше дека работела чесно и совесно без политички влијанија од било која политичка власт, додавајќи дека проблемите во судството со интерпелации нема да се решат туку само ќе се продлабочат.

На денешната седница најмногу обраќања имаше од страна на владејачката партија и мнозинството. Според нив интерпелациите се барање правда и одговнорност во судството и лошиот рејтинг, и дека не станува збор за политичка пресметка. Според опозициската СДСМ пак, интерпелациите се незаконско мешање во независноста на судството. Тие нагласија дека се потребни реформи, но не на ваков начин, по што ја напуштија седницата.

За време на седницата во Парламентот, паралелно се одвиваше и седница во Судскиот совет на кој Дамева не беше присутна, бидејќи беше на онаа во Собранието. Тања Чачарова Илиевска изјави дека нема да присуствува во Собранието, а интерпелација на член на Судски совет според неа е преседан и противуставен акт.

Со гласање на интерпелација следни чекори се оставки на членовите на Судски совет, сепак гласањето за нивна недоверба не значи и престанок на мандатот. Претходно членовите се изјаснија дека не чувствуваат морална и професионална одговорност и нема да си поднесат оставка.

(Видео) Собранието ги изгласа интерпелациите за Весна Дамева и Павлина Црвенковска, членови на Судскиот совет, избрани од Собранието

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе