Вести Македонија Најважни

Чачарова: „Интерпелација – Преседан во досегашната парламентарна демократија“

Ја прозваа за интерпелација, ја соочија со општи заклучоци за работата на судскиот совет, но пратениците молчеа и ги слушаа одбранбените аргументи на членот на сдуски совет Весна Дамева која во опширен говор дојде во собранието и им се спротивстави на пратениците од мнозинството. На самиот почеток од излагањето Дамева праша зошто не се гласала недоверба на совети чии што членови давале отчет во партиски штабови. Иронично се согласи со нив дека можеби  секоја власт сака контрола над правосудството.

Барањето за гласање недоверба за Дамева е неосновано, освен што е незаконски. Додека го пишувала одговорот се обидела да најде вина кај себе, и вели успеала.

Иако нема да оди на соочување, нејзината колешка Тања Чaчaрова – Илиевска удри уште пожестоко против барањето за нејзината интераплција. Освен што е групна забелешката, актот е незкаонски, противуставен и преседан во парламентарната демократија.

Павлина Црвенковска и Селим Адеми се изјасниле писмено до собранието и нема да одат на соочување. Петтиот интреплеиран член Мустафа Миљазин се уште размислува дали кога ќе му дојде редот освен писмено ќе се брани усно.

Но, едно е извесно каков и да биде исходот од интерпретациите пет членови избрани во собранието одново ќе носат индивидуална одлука дали ќе поднесат оставки како што од нив побара и собранието и премиерот Христијан Мицковски. Дека ништо не навестува дека советот се ситни беше и денешната редовна седница на која присуствуваа сите 13 членови и диксутираа и одлучува за редовни случувања.

 Павле Беловски 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе