Флоријан Вирц летово ќе го напушти Баер Леверкузен. Германскиот репрезентативец има договор со актуелниот германски шампион да си замине во летото 2025 година.
Интерес за крилниот напаѓач има од најголемите европски клубови како Манчестер сити, Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Обештетувањето што Леверкузен ќе го бара за 21-годишникот е преку 100 милиони евра. Сезонава Вирц на 25 натпревари во Бундеслигата има девет погодоци и 11 асистенции, а во Лигата на шампиони шест голови на девет натпревари.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.