За да стигнете до клиничкиот центар „Мајка Тереза“ потребно е да поминете по улицата „Водњанска“, а таму е сообраќаен метеж во текот на целиот ден. Пред главниот влез на најголемата болница во градот, знак забрането свртување на лево, освен за интервенти возила, но ретко кој го почитува.
На влезот на Клинички колона возила од кои често се случува да не може да мине Брзата помош. Иако се поставени столпчиња да го регулираат сообраќајот, дел од граѓаните поради итни или други причини решаваат своите возила да ги остават и на места наменети за амбулантни возила. А некои и каде ќе стигнат.
„Oд сабајле сме дојдени, од 7:30 – 8 часот чекаме по два часа да најдеме паркинг, нема место“, вели граѓанин.
„Доста време барав паркинг едно 20 минути. Гужва е многу во оваа болницаа е хаос. Цела Македонија што се вика е тука на ова место“, вели граѓанин.
„Се случило да влезам, саат време да се вртам и морав да излезам“, вели граѓанин.
Освен потребата од здравствена услуга, граѓаните со билет од 30 денари добиваат и дополнителни нервози. Но, затоа градското претпријатие трие раце од оваа златна кокошка. Зад метежот и хаосот се кријат огромни приходи. Паркингот на Клинички има најголема добивка и носи најмногу пари на ова скопско претпријатие. Во 2023-та, од паркирање во клиничкиот центар, биле наплатени над 46 милиони денари, односно околу 750.000 евра. Тоа е раст на приходите од 14%.
Паркингот во Клинички заработува повеќе од половина пари од наплата на Јавното претпријатие, односно 56,15% од вкупниот промет на ЈП „Градски паркинг“.
Бидејќи цената за час е 30 денари, кога сумата заработена од паркомати и од дневната наплата, во 2023-та година биле издадени и наплатени над милион и двесте илјади часови за паркирање во клинички. Додека се чека приходот за 2024-та, од претпријатието со став.
„Во овие услови, приходите од управање со паркингот на Клинички Центар се инвестираат назад во градот Скопје и се од корист на сите граѓани. Приватниот паркинг нема социјална функција, туку профитна,“ се наведува во одговорот на Градски паркинг Скопје.
А, токму поради проблемот на граѓаните, министерството за здравство распиша оглас за катни гаражи. Веста за фирмата која се пријавила на огласот предизвика бура реакции, а надлежните ја смируваат јавноста.
И додека надлежните го решат деценискиот проблем со паркингот на клинички, граѓаните остануваат во надеж да најдат слободно место.
Симона Петровска