Спорт Тенис

Медведев и Циципас без многу мака до осминафиналето во Индијан Велс (ВИДЕО)

Стартот на третата рунда на мастерс тенискиот турнир Индијан Велс не донесе изненадувања во машка конкуренција, а фаворитките ја оправдаа улогата и во женска конкуренција.

Шестиот носител Данил Медведев одигра само два гема против Алекс Микелсен, кој се повлече поради повреда. Русинот во осминафиналето ќе се соочи со 10-тиот фаворит Томи Пол, кој пак беше подобар од Камерон Нори во два сета.

Стефанос Циципас во два сета со по 6-3 го елиминираше Матео Беретини, па следен предизвик за Гркот ќе биде Холгер Руне. Данецот го победи Иго Умбер во три сета. Франсес Тиафо беше изненаден од Јапонецот Јосуке Ватануки, а победи остварија и Талон Гриекспор, Артур Филс и Маркос Гирон.

На женскиот дел од турнирот во калифорниската пустина, втората носителка Ига Швјонтек со 6-0 и 6-2 беше подобра од Дајана Јастремска. Полјачката во следната рунда ќе игра против Каролина Мухова, која пак во чешката пресметка ја победи Катерина Синијакова.

Елена Рибакина до осминафиналето дојде со триумф против Кејти Бултер, Џесика Пегула исто така беше сигурна, како и Чинвен Женг против Лулу Сун. Во осминафиналето се и Мира Андреева, Елина Свитолина и Марта Костјук.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе