Вести Македонија Најважни

Мицкоски не се согласува со Коцевски, пратениците ќе одлучат за тоа дали треба да биде сменет

Додека државниот обвинител Љупчо Коцевски го пишува одговорот на владините обвинувања и негира дека сторил крупни грешки и работел непрофесионално – премиерот остаnува на својата позиција и најавува дека мегданот за аргументите ќе биде во закаонодавниот дом каде ќе се одлучува за неговото разрешување .

Ова е демократска земја и тој го кажал своето мислење. Околу неговата досегашна работа претпоставувам ќе имаат што да кажат тие што го бирале, а тоа се пратениците така што да почекаме да дојде предметот пред пратениците па дури потоа можеме да коментираме што е тоа што ќе се разговара и ќе се дебатира и кои се тие аргументи со кои што ќе се оспорува или демантира изјавата или ставот на Коцевски, рече премиерот.

Откако советот ќе го добие одговорот на Коцевски ќе закаже седница на која ќе одлучува по предлогот на владта, дали ќе даде позитивно или негативно мислење за предлогот на неговата смена.

Акцијата на владеачкото мнозинство насочена кон правосудството продолжува и следната недлеа кога во Собранаието се закажани интерпелацииите за петте члена на судски избрани во законодавниот дом.

Но и во советот има набиена агенда со седници. Па за вторник петте члена се пред избор дали ќе одат на седницата на своето работно место или пак на онаа во Парламентот каде што ќе се дискутира за нивната работа, со оглед на тоа што имаат право и лично да се обратат пред пратениците. Третата варијанта е да бидат малку ваму – малку таму со оглед на тоа што двата објекта се на блиско растоание.

За сега најголемиот дел од нив не потврдуваат дали ќе застанат на собраниската говорница или пак ќе останат на работното место. Во писмените одговори до Собранието, но и во изјавите за медиумите тврдеа дека нема да си поднесат оставки и да помине интереплацијата, која меѓу другото ја сметаат за упад во судската власт.

Додека власта е гласна за разрешувања и интерпелации на функционери од правосудството, течат роковите за исполнување на обврските од реформската агенда договорена со ЕУ со која треба да се сменат повеќе закони меѓу кои и оној за Судскиот совет со кој меѓу другото треба да се воведат појасни критериуми за избор и разрешувања на членовите на ова тело.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Силно невреме ја погоди Хрватска

Дејан Дејан

Казни и до 2.000 евра за непочитување – забрана за движење во шуми од вторник до крајот на август

Дејан Дејан

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе