Вести Временска прогноза

Променливо облачно и нестабилно, со пониска дневна температура – Временска прогноза за 2.3.2025

Променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на магла. Во текот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (до 15 л/м²), а во ноќните часови на планините и на некои повисоки места во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 7°C, а максимумот од 6 до 11°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-2 Попова Шапка, 0 Маврови Анови, 2 Битола, Берово, Претор, Крушево, 3 Охрид, 5 Прилеп, 6 Куманово, Крива Паланка, Тетово, Струмица, 7 Виница, 8 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, Кавадарци, Гевгелија, 9 Скопје-Петровец, 11 Демир Капија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)

6 Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Куманово, Виница, 1 Тетово, Штип, Кавадарци, Маврпви Анови, Пожаране, Попова Шапка.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

26 Попова Шапка.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 7.5, Преспанско Езеро 3.5, Дојранско Езеро 7.2.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе