Облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Информација од ова утро 26.2.2025
Минимална температура (во °C)
-2 Крива Паланка, Берово, -1 Тетово, Попова Шапка, 0 Скопје-Петровец, Штип, 1 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Кавадарци, Лазарополе, 2 Битола, Виница, Крушево, Маврови Анови, 3 Демир Капија, Струмица, Претор, 4 Охрид, 7 Гевгелија.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
28 Попова Шапка.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]