Во Првата македонска фудбалска лига денеска на програмата се пет натпревари од 20.коло. Дербито е во Тетово, каде Шкендија го пречекува Силекс. Лидерот има два бода повеќе од кратовци, па доколку победи на домашен терен ќе направи солидна предност на врвот на табелата.
Гостивар има гостување кај последнопласираната Беса, а Работнички по поразот од Шкупи во првото пролетно коло, ќе се обиде да се врати на победничките патеки против Воска.
Сите натпревари денеска почнуваат од 14 часот.
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА
20.КОЛО
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
БЕСА – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – ВОСКА
ТИКВЕШ – ПЕЛИСТЕР
БРЕРА – ШКУПИ
ВЧЕРА
СТРУГА – ВАРДАР 0-2
Фото: Игор Паневски