Вториот ден од викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Од вечерните часови и преку ноќта во планинските региони ќе има услови за слаб снег.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Информација од ова утро 22.2.2025
Минимална температура (во °C)
-13 Берово, -11 Маврови Анови, -10 Крива Паланка, -9 Демир Капија, Попова Шапка, Крушево, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, -8 Тетово, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, -7 Кавадарци, Виница, Пожаране, Штип, -6 Гевгелија, -5 Охрид, Претор, -4 Струмица.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
31 Попова Шапка, 8 Маврови Анови.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]