Првиот ден од викендот во најголемиот дел од земјата ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, поголема во југоисточните делови. Наутро ќе биде студено со утринкса температура која на повеќе места ќе биде околу -10 степени. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Информација од ова утро 21.2.2025
Минимална температура (во °C)
-14 Берово, -11 Маврови Анови, Попова Шапка, -10 Крива Паланка, Демир Капија, -9 Скопје-Петровец, Битола, Штип, Струмица, -8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Велес, Крушево, -7 Прилеп, Виница, Кавадарци, Гевгелија, -5 Охрид, Претор.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
32 Попова Шапка, 8 Маврови Анови
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]