Со еден тендер заработиле повеќе од Никола Тесла за целиот живот. Екс директорот Пеце Матевски и 6 вработени во РЕК Битола под истрага за тендер и штета од 2,9 милиони евра. Под лупа и фирмата Рудкоп и нејзиниот сопственик . Ќе им се замрзне имот од речиси три милиони евра и 12 возила. Но ова не е се, во огромните енергетски зделки.
Тендерите за ремонтни активности во РЕК Битола во 2024 достигнаа 29 милиони евра – 2,5 пати поскапо од претходната година. Меѓу добитниците на тендерот е и Печатница од Битола. Гледајте ја новата епизода на КОД.