Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд кој повремено ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег ќе има и преку ноќта понекаде во планинските региони.
Во Скопје променливо облачно со услови за слаб повремен дожд и со слаб северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 6°C, а максимумот од 2 до 8°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-3 Попова Шапка, -2 Маврови Анови, -1 Крива Паланка, Крива, Крушево, Лазарополе, 0 Виница, 1 Берово 2 Тетово, Охрид, Претор, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Битола, Велес, Штип, 4 Демир Капија, Струмица, 5 Гевгелија.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
31 Попова Шапка, 9 Маврови Анови.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 8.5, Преспанско Езеро 3.0, Дојранско Езеро 7.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/