Утрото студено, преку денот умерено до значително облачно. Од запад ќе започне повремен снег особено на планините, а во останатите делови ќе има услови за провејување на слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Информација од ова утро 11.2.2025
Минимална температура (во °C)
-10 Берово, -7 Крива Паланка, Маврови Анови, Попова Шапка, -6 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Куманово, Велес, Крушево, -5 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -4 Претор, Кавадарци, Виница, -3 Охрид, Гевгелија.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
31 Попова Шапка, 13 Маврови Анови.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]