Култура

Зорица Панчиќ за 30 години кариера во улога на мајката во истоимената драма од Флориан Зелер

Со изведбата на претставата „ Мајка“, по текст на современиот француски драматичар Флориан Зелер, а во режија на Јордан Витанов, викендов зад нас НТ „ Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ од Велес, ја започна прославата на јубилејот – 30 години професионална дејност на актерката Зорица Панчиќ. Таа во претставата ја игра улогата на мајката.

  • Нам ни останува само споменот на оние утра кога станувавме толку рано за да им направиме појадок, лепчиња со путер и млеко. А, потоа одевме на училиште. Чекоревме по улиците еден до друг, ја носевме малата ученичка чанта за да не се изморат тие премногу. Малите принцови. А, пред училиштето тие нѐ гушкаа со толку доверба. Со толку нежност. Потоа исчезнуваа во училишниот двор со другите синови кои исто така еден ден ќе ги заборават своите мајки за да си го живеат својот живот“, кажа Панчиќ за улогата на мајката.

Покрај Зорица Панчиќ, во претставата која е еден дел од трилогијата на Флориан Зелер „ Мајка, татко и син“, учествуваат и актерите: Васил Зафирчев, Сандра Танчева и Кире Ацевски. Автор на сценографијата е режисерот Јордан Витанов, костимите се на Раде Василев, а изборот на музиката го направи Сашко Костов.

„ Мајка“ е втора постановка од трилогијата на Зелер во НТ-Велес. Во 2022 година режисерот Ненад Витанов“ го постави текстот „ Татко“, а насловната улога му беше доверена на Јордан Витанов.

За прославата на 30-годишната кариера , Зорица Панчиќ ќе се појави и во улогата на „ Госпоѓа министерка“, од Бранислав Нушиќ. Претставата ќе ја режира Синиша Ефтимов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе