Владеачките партии во Собрнаието иницираат јавна расправа на законските прописи за безбедност во сообраќајот.
Пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ поднесоа барање за одржување јавна расправа со цел анализи и утврдување потреба од изменување на законските прописи за зголемување на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, објави на Фејбук координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Барањето е адресирано до претседатлеот на комисијата за политички систем Љупчо Пренџов. –
Очекуваме поддршка од сите пратеници во Собранието и да ги надминеме системските проблемите со кои се соочуваме изминатите години, подвлече координаторит на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Мицевски.