Балкан Вести Најважни Свет

(ВИДЕО)Студентите ги преплавија мостовите во Нови Сад

Под мотото „Три месеци“ и „Ние ја браниме слободата“  започнаа блокадите. Три месеци од уривање на настрешницата на железничката станица каде 15 лица ги загубија своите животи. Студентите симболично ги преплавија и блокира трите моста во Нови Сад. Под блокада се Жежељовиот и Варадинскиот мост на три часа, а 24 часовна блокада е предвидена на Мостот на слободата.

Десетици илјади луѓе можат да се забележат низ мостовите, а кон протестот се придружија и фармерите кои со трактори се движат низ градските улици.

Локалните жители кои се на протестот ги поддржаа студентите велејќи дека ваквите демонстрации будат некоја нова надеж.

  • „Добро е што се разбудивме и не можам да замислам дека не подржувам нешто што се гледа на прв поглед дека е позитивно и дека после многу, многу време една добра енергија се чувствува во воздухот и на улица, меѓу луѓето. Се разбуди надежта кога разговарам со луѓето кои ги познавам тоа се како да кажам, ние сме луѓе од минатиот век, али добро се сеќаваме на многу лоши времиња и иако помина, ова сега е навистина некоја нова надеж дека нешто добро ќе се случи во оваа земја и на овие луѓе. Мислам дека тоа навистина заслужуваме“ изјави Славица Николиќ, жителка на Нови Сад.
  • „Ако бидат истрајни мислам дека ќе сакаат. Ние нив ги поддржуваме. Е сега што ќе се случи од  тоа. Затоа сме тука“ изјави Миља, жителка на Нови Сад.

Студентите формираа работни групи за да организирање различни аспекти на протестот. Се поделија во групи за обезбедување, инфомирање, транспорт, хигиеничари и логистика. На протестот се приклучија и средношколците, како и универзитетските професори и асистенти и други граѓани.

Студентите објавија и мапи на движење на граѓаните до сите три моста. Околу Мостот на слободата предвидено е да се постави бина од која ќе се организираат разни видови програми, а ќе биде обезбедена и лента за брз сообраќај за итна помош и противпожарните служби. Студентскиот медиумски тим најави дека протестот ќе го пренесува во живо во текот на целиот период.

Претседателот Вучиќ ги обвини студентите и другите демонстранти дека работат за странски разузнавачки служби за да го соборат од власт, а во исто време одбиваат разговор и упатуваат прикриени закани велејќи дека „трпението на неговите поддржувачи е при крај“.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Васил Јованов осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Русија прогласена за виновна за уривање на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година во кој загинаа 298 луѓе

Дејан Дејан

ДЗР: Ниту една општина во седиште во град не го исполнува стандардот за зеленило

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе