Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Информација од ова утро 30.1.2025
Минимална температура (во °C)
0 Попова Шапка, 2 Маврови Анови, 3 Берово, Лазарополе, 4 Крива Паланка, Претор, Крушево, 5 Битола, Прилеп, 6 Тетово, Охрид, Дебар, Куманово, Велес, Кавадарци, 7 Виница, Струмица, 8 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 10 Штип, Демир Капија, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
21 Попова Шапка, 15 Тетово, 14 Дебар, 10 Гевгелија, 8 Маврови Анови, 7 Струмица, 6 Лазарополе, 5 Крушево, 4 Охрид, Претор, 3 Битола, Куманово, Кавадарци, 2 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Велес, Тополчани, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија, Виница, Берово.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
36 Попова Шапка, 19 Маврови Анови.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]