Вести Македонија

За директорката на БЈН Маре Богоева новиот закон за јавни набавки е добро решение

Новиот закон за јавни набавки за директорката на Бирото за јавни набавки д-р Маре Богева Мицовска е добро решение со кое се оди чекор напред. Мицовска тврди дека законските измени биле неопходни бидејќи праксата покажала слабости и дека треба да се даде време на новото законско решение.

Антикорупциската комисија и невладиниот сектор жестоко реагираа и критикуваа поради укинувањето на надлежностите на Бирото за јавни набавки и отсуство на транспарентност во процесот на носење на законот.

Со новиот закон Бирото нема да може да врши управни контроли врз јавните набавки туку само ќе смее да прави административни проверки пред почеток на тендерот и да дава мислење за тендерските услови. Ингеренциите на Бирото се префрлаат на Државната комисија за жалби по јавни набавки и тоа во случај доколку некој од учесниците на тендерот покрене жалба по првичната одлука а доколку има само еден понудувач кој ќе го добие тендерот тогаш ќе нема кој да поднесе жалба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе