Спорт Фудбал

Нејмар е на чекор до кам-бек во својот матичен клуб

Нејмар го напушта саудискиот клуб Ал Хилал и ќе се врати во Бразил, односно во својот матичен клуб Сантос. Фудбалерот е подготвен да жртвува милиони евра само повторно да заигра за бразилскиот клуб каде ја почна блескавата кариера.

Неговата авантура во Саудиска Арабија можеби беше финансиски исплатлива, но спортски Бразилецот мина катастрофално. По трансферот од 90 милиони евра во летото 2023 година, Нејмар за Ал Хилал одигра само седум натпревари поради тешката повреда и постигна еден гол со една асистенција.

Ал Хилал ќе се согласи предвреме да го раскине договорот со фудбалерот што истекува во јуни 2025 година и е подготвен да го пушти во Сантос, каде одигра 225 натпревари и постигна 136 голови во периодот од 2009 до 2013 година.

Потоа играше и за Барселона, а во 2017 година го направи најскапиот трансфер во историјата во ПСЖ за 222 милиони евра.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе