Арсенал е во потрага по сериозни засилувања во нападот во зимскиот преоден рок, а менаџерот Микел Артета смета дека Нико Вилијамс од Атлетик Билбао е идеалниот играч.
Крилниот напаѓач има откупна клаузула од 58 милиони евра, а „топчиите“ се подготвени веднаш да ја платат оваа сума и да го доведат Шпанецот на „Емирати“.
Вилијамс импресионираше минатото лето во дресот на Шпанија и беше еден од најдобрите играчи о походот кон европската титула. Интерес за 22-годишникот има и од Тотенхем, но и од Челси и неколку други европски гиганти.