Ига Швјонтек ќе игра против Медисон Кијс во второто полуфинале во женска конкуренција на Австралија опен.
Швјонтек убедливо ја совлада осмата фаворитка Ема Наваро со 6-1 и 6-2. Пољачката на грен слемот има загубено само 14 гемови досега, а само Шарапова, Моника Селеш и Штефи Граф загубиле помалку гемови на патот до полуфиналето на Австралија опен.
Следен ривал на Швјонтек е уште една Американка, Медисон Кијс. Таа ја продолжува одличната форма на стартот на сезоната, бидејќи го освои турнирот во Аделаида и сега ја запиша 12-тата победа по ред против Елина Свитолина во три сета со 3-6, 6-3 и 6-4.