Вести Македонија Најважни

Потребно е време за системски решенија за справување со пожари и поплави во земјава, вели министерот Тошковски

Нема доволно вработени лица, а државата нема ни опрема за пожари и поплави. Македонија има нефункционален систем кој треба да одговори за време на кризни состојби,па ќе мора да се справува со стариот систем, вели министерот за внатрешни работи.

„Во Македонија сепак има пожарникари, кои се спремни, одговорни, обучени, имаме и градоначалници, кои во изминатиот период и те како се покажаа добро. Но, тоа не заради тоа што државата создала капацитети, тоа е затоа што се уште имаме чесни, професионални, кои во рамки на своите институции заради нивната способност одговориле како што треба на предизвиците, коишто сме ги имале, а не заради тоа што сме имале системско решение“, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Државата нема ниту доволен број на пилоти, а тоа го покажа и извештајот на Државните ревизори кои утврдиле дека наместо предвидени седум ДЗС има само еден активен пилот, а двајца пилоти во пензија биле ангажирани хонорарно за време на пожарите. Со отварање на Центар за обука, ќе треба да се надмине овој проблем, но тоа нема да се случи веднаш, бидејќи е потребно време да се обучат пилотите, вели министерот Тошковски.

Пред една година Владата размислуваше за формирање едно тело, односно спојување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување под една команда. Негова имплементација се очекува во скоро време.

„Се работи за 19 закони кои треба да бидат сменети, дополнети или укинати. Не е едноставен процес, спојувањето на ЦУК и ДЗС не треба да биде механички од две недоволно функционални институции да добиеме една супернефункционална, туку на здрави темели да се направи нова институција кои ќе ги обедини двете институции, а за тоа е потребно време“, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Секоја година и во летниот и во зимскиот период Македонија тешко се справува со кризи, како на пример гаснење на летни пожари, како и чистење на патиштата во зима.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Изгоре автобус на ЈСП

Дејан Дејан

Масовен руски напад со дронови врз Одеса, повредени деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе