На Клиниката за онкологија во Скопје има сериозен недостаток и на здравствен кадар, а пациенти од цела Македонија се третираат со минимален број на медицински сестри и технички персонал.
Пациентката Тања Цвијановиќ вели дека ситуацијата е катастрофална, со затворени простории и преоптоварен персонал.
„Страшно…Здравството ни е уништенo. На Онкологија цела Македонија персонал нема во дневната болница, персоналот со сите сили пробува да ги опслужи сите пациенти.Викаа не чинело порано сега пак е уште полошо. Сите си одат од онкологија а тие што се останати неколкумина во дневна се вистински ХЕРОИ, напиша таа.