Според, информации од комплексот клиники „Мајка Тереза”, за жал, и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент, кој на клиниката беше донесен со изгореници и тешки телесни повреди.
Детето од Волково го фати струен удар, кога пред три дена во скопската општина Кисела Вода се качи на вагон цистерна, кој се запалил, по што веднаш беше пренесено на клиника.
Ова е втор ваков случај во кој малолетник завршува трагично. Пред две години, 14-годишна девојка од Илинден, исто така, го загуби животот снимајќи ТикТок видео качена на вагон.