Вести Временска прогноза

Наутро со појава на магла и студено, преку ден сончево – Временска прогноза за 19.1.2025

Претпладне студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево и тивко со мала до умерена локална облачност.

Во Скопје, претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до -1°C, а максимумот од 1 до 10°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-12 Берово, -8 Битола, -7 Тетово, -6 Крива Паланка, Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија, Струмица, -5 Штип, -4 Виница, Кавадарци, -3 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, Претор, Крушево, Попова Шапка, -1 Охрид,  Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

53 Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 29 Крушево, 20 Битола, 18 Дебар, 11 Тетово, 8 Демир Капија, Берово, 7 Штип, 3 Крива Паланка.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 7.0, Преспанско Езеро 2.5, Дојранско Езеро 5.6.

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе