Вести Македонија Најважни

Прилепска болница: Бебињата имале знаци на премрзнување

Со став за смртта на двете новороденчиња-близначиња се огласија од прилепската болница. Од таму во детали го опишуваат случајот. Мајката која е родена во 2001 година се породила кај нив во својата четврта бременост во која ги донела блицнаците. Додаваат дека станува збор за предвремено родени деца во 34-та гестациска недела.

„Првото новороденче, машко, било со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама. На 10 јануари, на барање и со потпис од мајката, децата биле пуштени дома. Потоа во текот на вчерашниот ден во 10:45 часот на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување“, велат од прилепската болница.

Според достапните информации, велат од болницата, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина.

„По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13 часот е констатирана смрт“, се вели во дописот на ЈЗУ Општа болница Прилеп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе