Вести Македонија Најважни

Даути си поднесе оставка, собранието ја констатира

По речиси една недела откако и беше изгласана интерпелација и бројни меѓусебни препукувања,  претседателката на собраниската комисија за социјална политика, Илире Даути си поднесе оставка. Но, и тоа не го стори без драма. Инсистираше на денешната седница да ја образложи оставката, а откако тоа не и беше дозволено, одбиваше да ја напушти говорницата.

Гаши одговори дека доцна ја добил оставката и ќе може да ја образложи на следната седница.

Пратеници ѝ довикуваа дека го прекршува деловникот, но таа беше упорна, по што беше дадена пауза. По паузата, Даути повторно застана на говорницата, а пратениците од „Европскиот фронт“ застанаа до неа, по што Гаши попушти. По ова, беше констатирано дека Даути повеќе не е претседателка на комисијата.

Интерпелација ѝ беше изгласана во петокот, затоа што одбиваше да го стави на дневен ред законот за бранителите. Освен Левица, кои го поднесоа предлогот, поддршка дадоа и од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Партиите на Албанците гласаа „против“, додека СДСМ ја напуштија седницата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе