Вести Најважни Свет

Примирје помеѓу Хамас и Израел по 15 месеци војување започнува во недела

По неколкунеделните договори постигнато е примирје за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците. Луѓето излегоа на улиците во градовите Кан Јунис и Деир ал Балах во Газа прослаувајќи со танц и парада, бидејќи ќе можат конечно да се вратат во своите домови.

  • „Сите граѓани чувствуваат олеснување и задоволство од веста за прекинот на огнот и се надеваме дека што поскоро ќе се вратиме во нашите домови, села и градови“ изјави Абу Ијад Абу Обеид, жител од Деир ал Балах.
  • „Оваа среќа ја чекаме година и пол. Никој не може да го почувствува чувството што го доживуваме сега, неописливо чувство. Сакам да се вратам во Газа, да се вратам во Шеџаија, во мојот дом“ рече Махмуд Вади, жител од градот Газа.

Првата фаза од договорот е шестнеделен прекин на огнот. Во тој период Хамас треба да ослободи 33 од заложниците. А За возврат за секој ослободен заложник, Израел ќе треба да ослободи десетици палестински затвореници.

Според договореното Израел ќе треба да ги повлече своите војници од погусто населените делови на Појасот Газа во тампон зона на источната страна. Веднаш ќе биде дозволен дотур на и гориво, и ќе биде обезбедена медицинска помош. Ќе има управувано враќање на два милиони раселени лица од Газа во нивните некогашни домови.

Катарскиот премиер соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот кој ќе стапи на сила во недела.

  • „Задоволство е на државата Катар, Арапската Република Египет и САД да го објават успехот на заедничките посреднички напори, бидејќи двете страни во конфликтот во Појасот Газа постигнаа договор за размена на заробеници и заложници, и враќање на одржлива смиреност што ќе доведе до траен прекин на огнот меѓу двете страни“ соопшти шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, премиер на Катар.

Oд канцеларијата на Нетанјаху соопштија дека “се уште има неколку нерешени клаузули“. Претседателот Бајден изјави дека Израел и Хамас ќе продолжат да преговараат за тоа што ќе биде крајот на војната.

„Договорот е структуриран во три фази. Првата фаза ќе трае шест недели. Тоа вклучува целосно и целосно повлекување на израелските сили со прекин на огнот од сите населени области на Газа и ослободување на голем број заложници кои ги држеше Хамас, вклучувајќи жени, постари лица и ранети“ изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави на платформата Truth Social: „Имаме договор за заложниците на Блискиот Исток. Наскоро ќе бидат ослободени. Ви благодариме!“ И додаде дека „епскиот договор за прекин на огнот можеше да се случи само како резултат на неговата историска победа во ноември“.

Војната меѓу Израел и Хамас во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога милитантите упаднаа во јужен Израел и убија околу 1.200 луѓе и киднапираа околу 250. Аналитичарите сметаат дека една третина од 100-те заложници кои сè уште се држат во Газа се мртви. Во војната со Израел Хамас загинаа повеќе од 46.000 Палестинци од кои половина од нив се деца и жени.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе