Вести Најважни Свет

Во Лос Анџелес на сила се црвени аларми поради силните ветрови

Во областа на Лос Анџелес погодена од пожарите на сила е црвено предупредување бидејќи од денеска до среда попладне се очекуваат силни ветрови кои би можеле да влијаат на ширењето на огнената стихија.

Пожарот во Палисадес, кој избувна на 7 јануари, уништи околу 5.000 објекти.

Пожарот во Итон, кој исто така започна на 7 јануари, уништи или оштети околу 7.000 згради, а до сега 33 отсто од жариштата се изгаснати.

Во гаснењето на пожарите учествуваат повеќе од 15.000 луѓе и 1.900 противпожарни возила.

Наредбата за задолжителна евакуација останува во сила.

Дополнитени 89.000 жители се под предупредување за евакуација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Следниот четврток европратениците ќе гласаат за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен

Дејан Дејан

Во сообраќајна несреќа загина фудбалерот на Ливерпул Диого Жота

Дејан Дејан

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе