Вести Најважни Свет

Најмалку 24 загинати во пожарите во Лос Анџелес – метеоролошката служба најавува ветрови до 110 км./ч.

Најмалку 24 луѓе загинаа во големите шумски пожари кои продолжуваат да ја пустошат областа Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, соопштија медицински власти.

Шеснаесет од жртвите се поврзани со пожарот Итон во близина на Пасадена, а осум други со пожарот Палисејдс во областа Пацифик Палисејдс. Од вторникот има неколку големи пожари во регионот, но овие два се најтешки, пренесува ДПА.

Локалните власти стравуваат дека бројот на загинати може да продолжи да расте, бидејќи може да поминат неколку дена пред службите за итни случаи безбедно да пристапат до сите области погодени од пожарите.

Американската метеоролошка служба прогнозираше брзина на ветар до 110 километри на час за недела, што, во комбинација со сувата вегетација, придонесува за брзо и непредвидливо ширење и на постоечките и на новите пожари. Одделот за шумарство и противпожарна заштита во Калифорнија предупреди на „критично време од пожари“ до среда.

„Загрозувачки по живот ветрови и опасно ниска влажност се предвидуваат за поголемиот дел од Јужна Калифорнија, од Вентура до Сан Диего, создавајќи значителен ризик од брзо ширење на пожарите“, соопшти одделот на X.

Властите предупредија дека ветрот ќе ја зголеми активноста на пожарите и ги повикаа луѓето да избегнуваат косење тревници и паркирање на возилата на сува трева и да се осигураат дека сите логорски огнови се изгаснати.

Одделот за шумарство и противпожарна заштита во Калифорнија соопшти дека околу 12.300 згради се уништени или оштетени. Од вторникот изгореа речиси 163 квадратни километри земја, што е простор речиси со големина на Вашингтон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе