Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 16, а 13 лица се пријавени како исчезнати. На терен беснеат неколку опасни жаришта, а најголем е пожар во Пацифик Палисајдс, кој се уште не е ставен под контрола.
Грижите растат особено по најавите од можно повторно враќање на ветровите на Санта Ана што пак претставува ризик за разгорување на жариштата.
Пожарникарите и персоналот за итни случаи кои се справуваат со пожарите во Итон, имаат контрола на 15 отсто од пожарот.
– Овие ветрови, во комбинација со ниската влажност, ќе ја одржат висока заканата од пожар во округот Лос Анџелес. Разберете дека неизбежното исклучување на електричната енергија за јавна безбедност што ќе се спроведе пред овој опасен по живот настан пред налетот на ветровите на Санта Ана е клучно за спречување на нови пожари и помага да се спасат животи. Да, тие се предизвик за справување, но секако е подобро отколку да започне уште еден пожар, изјави Ентони Мароне, началник на пожарникарскиот округ Лос Анџелес.
Утрово пак на помош пристигнаа Мексиканските пожарникари за да се вклучат во справувањето со катастрофата. Два авиони со персонал како и хуманитарна помош веќе слетаа на аеродромот во Лос Анџелес
– Тоа е она што го прават пријателите. Ова е она што се однесува на врските. Пријателите во мака се тука еден за друг. Ние сакаме да бидеме тука за луѓето од Мексико во време на потреба и катастрофи и сме неверојатно понизни и благодарни што Претседателот беше подготвен да го испрати екипажот што го гледате зад мене. Тие ќе бидат надвор на линиите во следните 24, 36 часа, вели гувернерот на Калифорнија Њусом Гевин.
Со молитва за жртвите од шумските пожари во Лос Анџелес утрово се огласи и папата Франциск за време на неговата неделна молитва. Тој вчера испрати телеграма во која изразува тага за загубата и широкото уништување во земјата.
– Сочувствувам со жителите на округот Лос Анџелес, Калифорнија, каде избувнаа разорни пожари во последните денови, се молам за сите вас, порача Папата Франциск.
Голем број волонтери се собраа во центрите за донации низ Калифорнија за да помогнат во обезбедување помош за погодените од разорните пожари.
Огнената катаклизма што започна во вторникот северно од централното подрачје на Лос Анџелес се проценува дека е најтешката и најсмртоносна во историјата на САД. Властите формираа центар каде луѓето можат да ги пријавуваат исчезнатите лица.
Александар Петрески