Временска прогноза

Облачно и студено со врнежи од снег – Временска прогноза за 12.1.2025

Облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително да се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Информација од ова утро 11.1.2025

Минимална температура (во °C)

-3 Маврови Анови, -2 Попова Шапка, -1 Крива Паланка, 1 Виница, Тетово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Берово, Прилеп, 3 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, 4 Битола, Демир Капија, Крушево, 5 Гевгелија, 7 Охрид, Претор.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

2 Крушево, 1 Крива Паланка, Претор.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

36 Попова Шапка, 21 Маврови Анови

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР

e-mail: [email protected]

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дестабилизација – Временска прогноза за 15.5.2025

Дејан Дејан

Преодна стабилизација – Временска прогноза за 14.5.2025

Дејан Дејан

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 13.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе