Спорт Фудбал

Конте потврди: Кварацхелија сака да си замине

Квича Кварацхелија и официјално побарал да си замине од редовите на Наполи, потврди денеска тренерот на италијанскиот тим, Антонио Конте.

“Кварацхелија побара да го напушти клубот. Зборував со него и потврди дека сака да замине веднаш. Се обидов да го убедам да остане, но сака да отвори ново поглавје во кариерата. Клубот и неговиот агент сега ќе најдат решение. Не можам да го задржам Квара тука ако не сака да остане”, рече Конте.

Грузискиот репрезентативец има богата понуда од ПСЖ, односно договор со 4,5 пати поголема плата. Според шпекулациите неговата плата во Париз би била повеќе од 8 милиони евра годишно.

Наполи и ПСЖ моментално преговараат за трансферот, а сумата која Французите се подготвени да ја платат е 80 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе