Вести Временска прогноза

Претежно сончево со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 6.1.2025

Утрото студено со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје утрото во делови од котлината со појава на магла и студено, преку денот сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 1°C, а максималната од 6 до 13°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-11 Попова Шапка, -7 Берово, -6 Крива Паланка, Штип, Демир Капија, -5 Кавадарци, Маврови Анови, -4 Скопје-Зајчев Рид,  Битола, Крушево, -3 Струмица, Тетово, Прилеп, Виница, -3 Велес, -1 Претор, 2 Охрид, 3 Гевгелија.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

52 Попова Шапка, 44 Маврови Анови.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 8.0, Преспанско Езеро 3.5, Дојранско Езеро 7.0.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добие поддршка за нов гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

(видео)Мицковски најавува наскоро номинирање имиња за нови министри, Касами тврди засега нема преговори

Дејан Дејан

(видео)Касами: За промените на министри потребен е политички договор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе