Вести Македонија Најважни

Колона возила четири часа заглавена кај Маврово

По сончевиот викенд во националниот парк во Маврово, голем број граѓани останаа заглавени со часови во километарски колони возила на пат за дома а некои од нив чекаат речиси четири часа за да го продолжат патот кон дома.

За Телма велат дека и резервоарите со гориво им се при крај, а полицијата ги пренасочува да се враќаат од кај селата Леуново и Никифорово, што е цел круг околу езерото, бидејќи велат нема услови за движење од другата страна.

Од СВР Тетово за Телма информираат дека секоја година во зимскиот период се прави кружен ток околу езерото, но некои од возилата не ја почитувале препораката, па кога заглавиле сакале да се вратат назад и тука настанал застој, а патот е тесен поради снегот.

Сега се испратени дополнителни полициски екипи на терен, кои го регулираат сообраќајот и полека почнува да тече сообраќајот со позабрзано темпо.

Од диспечерскиот центар на Македонија пат за Телма информираат дека две машини за чистење снег поминале од Леуново до Бунец, но голем проблем се бројните паркирани возила поради што не може да се исчисти патот. Потенцираат дека голем број возила отишле на планина со летни гуми.

Инаку, покрај застојот, во текот на денот на социјалните мрежи стигнаа и поплаки дека скијачите со часови чекале за да извадат ски билети. Прашувајќи се зошто нема можност за купување на карти преку интернет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе