Вести Свет

Во Турција уапсени 42 членови на „Исламска држава“ во голема антитерористичка операција

Во Турција во големата операција против групата „Исламска држава“ се уапсени 42 нејзини членови, јавија турски медиуми.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја соопшти дека во акцијата која била спроведена на територијата на 17 (од вкупно 81) окрузи во земјата, меѓу кои Адана, Анкара, Истанбул и Едрене се приведени вкупно 42 лица.

Јерликаја прецизираше дека операцијата била спроведена под координација на окружните обвинителства и Управата за  борба против тероризмот на Генералната команда на жандармеријата од тимови од локалните команди на жандармеријата.

Како резултат на операциите, уапсени се 42 осомничени за кои е утврдено дека се членови на терористичката организација, ја финансирале и вршеле пропаганда за неа преку нивните профили на социјалните мрежи. Во рациите се запленети бројни документи и дигитални материјали на групата, истакна Јерликаја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе